Баерн подготвува сензационален двоен удар по Тотенхем

од Vladimir Zorba

Раководството на Баерн Минхен подготвува неверојатен двоен удар по Тотенхем, бидејќи сака да ги земе во пакет менаџерот Маурисио Почетино и голгетерот Хари Кејн, вели весникот „Марка“.

Блиското до Реал издание има внатрешни информации кои индиректно се однесуваат на „белиот балет“. Како што е познато, Кејн е посочен за трансфер цел бр.1 на Шпанците во текот на летото.

Сепак, се забележува дека договорот на англискиот репрезентативец со „петлите“ е до крајот на сезоната 2021/22, што значи дека нема да излезе евтино.

Привлекувањето на класичен централен напаѓач во Минхен има логика, бидејќи баварскиот топ-стрелец, Роберт Левандовски има желба да се пресели во Реал Мадрид.

За интересот на Баерн кон Почетино се зборуваше пред неколку дена, а гласините потекнуваат од поранешниот ас на клубот, Дитмар Хаман.

Слични содржини