Бајден: Да не беше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав за изборите во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не е сигурен дека би се кандидирал за уште еден мандат доколку Трамп не бил противкандидат.

„Да не беше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав“, рече Бајден вчера во врска со неговата кандидатура за втор претседателски мандат во 2024 година.

„Но, не можеме да му дозволиме да победи“, рече Бајден (81) за време на состанокот со демократските донатори надвор од Бостон, мислејќи на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

„Трамп веќе не се ни крие. Ни кажува што ќе прави“, рече Бајден, додавајќи дека ако Трамп оди на избори, тогаш треба да оди и тој.

Запрашан дали ќе се повлече доколку неговиот ривал отпадне од трката, Бајден рече „не, не сега“.

Бајден, чија кампања се бореше да земе замав, долго време велеше дека е во најдобра позиција повторно да го победи Доналд Трамп.

Доцните години на Бајден ги загрижуваат гласачите и тој има потешкотии да ги пласира своите економски перформанси, но тој редовно повторува дека самата демократија е загрозена на новите избори и новото најавено соочување со поранешниот претседател и бизнисмен.

И покрај падот на популарноста, без големо изненадување или сериозни здравствени проблеми кои би го принудиле да се повлече, актуелниот американски претседател е речиси сигурно дека ќе ја добие номинацијата на неговата партија за демократски претседателски кандидат за изборите во 2024 година.

Доналд Трамп моментално е најголем фаворит за претседателски кандидат на Републиканската партија.

Слични содржини