Бајден: Масакрот на израелските цивили од страна на Хамас е „чисто зло“

од Vladimir Zorba

Масакрот што палестинската милитантна група Хамас го изврши врз израелските цивили во пограничните градови е „чисто зло“, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Буквално мислам дека има моменти во животот кога на овој свет се ослободува зло. Таков момент викендов доживеа народот на Израел. Повеќе од 1.000 цивили беа заклани во Израел“, рече Бајден, како што објави „Тајмс оф Израел“.

Бајден рече дека „крвожедноста и бруталноста на Хамас“ наликува на она што го направија членовите на терористичката организација Исламска држава.

Слични содржини