Бајден: Нема информации дека Русија учествувала во сајбер напад врз гасовод во САД

од Vladimir Zorba

Организаторите на сајбер нападот врз „Колонијал“ гасоводот можат да бидат во Русија, иако нема информации дека руската држава е вмешана во тоа, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

„Ќе имам состанок со претседателот Путин. Засега немаме информации од нашите припадници на разузнавачките служби дека Русија учествувала во тоа, иако има информации дека вирусот се наоѓа во Русија. Тие (Русија) имаат некаква одговорност за тоа“, рече Бајден.

Хакерскиот напад, извршен во петокот, беше еден од најтемелните сајбер напади што некогаш биле пријавени и предизвика бројни апели до пратениците за зајакнување на мерките за заштита на американската енергетска инфраструктура од хакерски напади.
Компанијата соопшти дека продолжува да ги анализира ефектите од привременото прекинување на работењето и дека работи на „обновување на услугите“, но не е потврдено кога работата на компанијата ќе се нормализира.

Затворањето на гасоводот веќе доведе до зголемување на цените на бензинот на големо во САД. Американските медиуми го поврзуваат сајбер нападот со Русија, но Белата куќа не го потврди тоа, велејќи дека во моментов се разгледува верзија на криминалната организација.

Русија претходно ги негираше обвинувањата за сајбер напади во САД и други земји.

Слични содржини