Бајден: Полициските службеници треба да пукаат во нога, а не во срце (видео)

од Nikola Popovski

Полициските службеници кои отвораат оган врз луѓето кои претставуваат закана треба да ги стрелаат во ногата, а не во срцето, изјавил потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Според Бајден, полициските службеници треба да научат да пукаат „во нога, а не во срцето“, ако некој им се приближи „со нож или нешто слично“, пренесува „Фокс њуз“.

Кандидатот за американски претседател го изјавил ова за време на средбата со лидерите на христијанската општина во државата „Делавер“.

Треба да потсетиме дека Бајден претходно имаше изјавено дека законот со кој се забранува полициските службеници да користат методи на задушување треба итно да се разгледа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека Бајден е премногу слаб за „да ги победи антихристите, разбојниците и оние кои прават немири“.

Слични содржини