Бајден-Трамп: 53 наспроти 43

од Nikola Popovski

Кандидатот на американските демократи Џо Бајден ја зголемил својата предност во однос на сегашниот претседател Доналд Трамп, и сега таа изнесува десет процентни поени.

Ова го покажува најновата анкета на Фокс Њуз.

Според неа, 53% од гласачите би гласале за тимот на Бајден-Харис, а 43% за републиканското дуо Трамп-Пенс.

Анкетата била спроведена низ целата земја по првата претседателска дебата и откако било објавено дека Трамп е заразен со коронавирус.

Истражувањето покажува дека Бајден ја зголемил предноста во последните месец дена за пет процентни поени.

Кога станува збор за избор на претседател, најважните теми за испитаниците се коронавирусот и економијата, проследено со здравствената заштита, проблемот со расизмот и криминалот.

Слични содржини