Љубителите на адреналин во Сао Паоло се собраа за да го урнат светскиот рекорд во заедничко банџи скокање. Дури 245 луѓе заедно скокнаа од мост во Бразил, а видеото кое е снимено е многу интересно.

На снимката се гледа како скокачите се занишаа како бран, а по скокот коментираа дека чувството е неверојатно.
Досегашниот рекорд беше 149 луѓе, а организаторот на скокот беше Ален Фереира кој сам ги проверуваше јажињата пред скокот.
За обидот за уривање на Гинисовиот рекорд им требаше близу 20 километри коноп.