Банките ги подготвуваат олеснувањата за кредитните услови согласно Уредбата на владата

од Aleksandar Todeski
329 прегледи

Владата донесе Уредба со законска сила, а која го одредува начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

Оваа Уредба ги насочува банките и штедилниците кон веќе најавеното, кредитите на граѓаните и фирмите да бидат одложени за три месеци.

„Со Уредбата се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците“, соопшти владата.

Од банките велат дека веќе ги подготвуваат условите за олеснување на кредитните услови за време на коронакризата.

Одлуките и информациите за репрограмирање на кредитите кои ќе бидат донесени согласно Уредбата на владата на своите веб страници, банките ќе ги објават на своите веб страни откако ќе бидат готови.

Сепак, оваа можност не значи простување на ратите за кредити во наредните три месеци, туку нивно одложување за три месеци. Доколку кредитот требало да биде исплатен во јуни, согласно пролонгирањето, ќе треба да биде исплатен во септемри месец.

Олеснување за граѓаните е и неисклучување на вода и струја во моментите на коронакризата, нешто што беше најавено уште пред да биде воведена вонредна состојба на територијата на целата држава.

А.Т.

Слични содржини