Барса бара наследник на Бускетс, раководството има три фаворити

од Vladimir Zorba
283 прегледи

БАРСЕЛОНА е во потрага по човек кој наскоро ќе го наследи 33-годишниот играч за врска Серхио Бускетс, пренесе каталонски Мундо Депортиво. Тројца играчи се во фокусот на управата на Барса.

Првиот од нив е француското чудо од дете, 18-годишниот Едуардо Камавинга. За него сигурно ќе има голема трка, Реал веќе сериозно загриза, но интерес покажува и Барселона. Камавинга веќе има 80 настапи за Рен, сензација е на францускиот шампионат, а тој веќе има играно за репрезентацијата три пати, па дури и постигнал гол. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 60 милиони евра, но неговиот договор истекува летото 2022 година, а можно е Рен да мора да го продаде под цената доколку не го продолжи договорот, бидејќи во спротивно ќе замине како слободен агент.

Следен на списокот со желби е 23-годишниот Италијанец Мануел Локатели. Тој игра за Сасуоло и италијанската репрезентација, а Мундо Депортиво наведува дека Барселона го следи веќе две години. Тој ја започна својата кариера во Милано, а Мундо му предвидува светла иднина и посочува дека олеснителна околност околу потенцијалниот трансфер би била добра врска помеѓу Барселона и Сасуоло. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра.

На Барса и се допаѓа и 24-годишниот Микел Мерино, фудбалер на Реал Сосиедад. Мерино беше познат како голем талент. На 20-годишна возраст направи трансфер во Борусија Дортмунд, каде не се наметна, но од 2018 година и пристигнувањето во Сосиедад, тој ја ревитализира својата кариера и игра одлично. Најголем проблем е што Мерино е договорно обврзан со сегашниот клуб до 2025 година, а неговата откупна клаузула е 60 милиони евра и следната година ќе се искачи на 65. Тој е член на шпанската репрезентација, а Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра

Слични содржини