Бускетс: Дали и понатаму ќе играм за Шпанија? Не знам…

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалската репрезентација на Шпанија го заврши учеството на Европскиот шампионат со пораз од Италија во полуфиналето по изведувањето на пенали, а капитенот на „Фуриа“, Серхио Бускетс не знае дали ќе продолжи да игра за селекцијата предводена од Луис Енрике.

„Навистина не знам, не е време да размислувам за себе. Ова е момент за мене да бидам горд на мојот тим“, рече Серхио Бускетс на прашањето дали ќе продолжи да игра за националниот тим.

„Игравме многу повеќе фудбал од Италија. Тие се одличен тим, но ние бевме тие што ја имаа топката. Генерално бевме доминантни, штета што изгубивме по пеналите. Ќе продолжиме“, изјави капитенот на репрезентацијата.

Бускетс има 32 години, целата кариера ја помина во Барселона, за која игра од 2008 година, а за репрезентацијата на Шпанија одигра 127 натпревари и постигна два гола. Со Шпанците стана европски и светски шампион.

Слични содржини