Барса мора да плати милионска отштета за доаѓањето на Чави

од Vladimir Zorba

Очекувано нов тренер на Барселона ќе биде поранешниот капитен на славниот каталонски клуб и шпанска репрезентација Чави Ернандез. Оваа вест ја објави каталонски „Спорт“ кој прв ја потврди информацијата за отказот на Роналд Куман. Наводно, двете страни веќе постигнале договор за нова соработка, која наскоро ќе биде официјализирана.

Сепак, Чави нема да го преземе тимот веднаш, туку за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

За доаѓањето на Чави, Барселона ќе треба да му плати на катарски Ел Сад излезна клаузула од 1.000.000 евра. Се споменуваше дека има клаузула за слободно заминување доколку добие повик од Барселона, но „Мундо Депортиво“ пишува дека таа била избришана кога во мај бил потпишан новиот договор до 2023 година. Дополнително, поради добрите односи меѓу Барселона и Катар (не така одамна главен спонзор на клубот беше авиокомпанијата „Катар ервејс“), Ал Сад не би требало да биде проблем за Каталонците.

Чави почна да работи како тренер во 2019 година, а минатата сезона освои „требл“ во катарскиот фудбал. Под негово водство Ал Сад има 66 победи, 16 нерешени и 18 порази. Гол разлика 273:126.

Каталонски „Спорт“ пишува и дека во стручниот штаб ќе биде братот на Чави, Оскар, потоа помошникот од Катар Серхио Алегре, физиотерапевтот Иван Торес итн …

Слични содржини