Барса против Наполи и други интересни двојки во директните елиминации во Лига Европа

од Vladimir Zorba

Заврши ждрепката за првото коло од директната елиминациска фаза на Лига Европа. На него учествуваа 16 екипи, а победниците од 8-те двојки ќе се пласираат во осминафиналето на турнирот.

Пласман таму веќе обезбедија екипите кои ги освоија своите групи. Тоа се Лион, Монако, Спартак (Москва), Ајнтрахт (Франкфурт), Галатасарај, Црвена Звезда, Баер (Леверкузен) и Вест Хем.

Несомнено најинтригантна пресметка на стартот од директните елиминации на турнирот е Барселона – Наполи. Каталонците не успеаја да ја прескокнат својата група во Лигата на шампионите, во друштво на Баерн (Минхен), Бенфика и Динамо (Киев).

Наполи го зазеде третото место во својата група во Лига Европа, во која беа уште Спартак (Москва), Лестер и Легија.

Се формираа и други интересни парови: РБ Лајпциг ќе се соочи со Реал Сосиедад, Порто ќе ги одмери силите со Лацио, а Борусија (Дортмунд) ќе се соочи со шкотски Ренџерс.

Целосна ждрепка за првото коло од директните елиминации во Лига Европа:

Севиља – Динамо Загреб

Аталанта – Олимпијакос

РБ Лајпциг – Реал Сосиедад

Барселона – Наполи

Зенит – Бетис

Борусија (Дортмунд) – Ренџерс

Шериф (Тираспол) – Брага

Порто – Лацио

Слични содржини