Барселона оваа сезона мора да му плати 52 милиони евра на Пике

од Vladimir Zorba

Високата плата на дефанзивецот Жерар Пике ја спречува Барселона да пријави нови играчи, потсетува АРА. Каталонскиот клуб мора да плати 52 милиони евра на 35-годишниот Шпанец во сезоната 2022/23. Во оваа сума се вклучени платите пред оданочување, одложените плаќања поради пандемијата на коронавирус, како и дел од надоместокот на кој дефанзивецот се согласил да го добие подоцна, за да помогне во пријавувањето на играчи во летото 2021 година. Тогаш Пике се согласи на одложување на повеќе од 70 отсто од доспеаните исплати.

Оваа недела беше одржан состанок помеѓу претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортската управа со дефанзивецот и неговиот претставник Артуро Каналес. На Пике му беше објаснето дека сумата од 52 милиони евра е превисока и соодветно на тоа е императив таа да се намали.

Во исто време, Пике е многу заинтересиран да остане во Барселона, и покрај силната конкуренција во тимот за место во центарот на одбраната. Затоа раководството на каталонскиот клуб го повика дефанзивецот да се согласи на намалување на платата.

Слични содржини