Барселона се насочува кон Маркос Алонсо

од Vladimir Zorba

Барселона ќе се обиде да го привлече дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо. Каталонците почнуваат да ја реконструираат постепено својата одбрана, бидејќи Жерард Пике ќе наполни 32 години следниот февруари, а според сајтот Goal.com Алонсо е меѓу зацртаните цели.

Левиот дефанзивец на Челзи, исто така, може да игра во центарот на одбраната каде што дејствуваше за време на неговиот престој во Фиорентина. Сепак, на „Стемфорд Бриџ“ најде нов поттик за својата кариера по трансферот од 23 милиони фунти во август 2016 година.

Оваа година, тој повторно најде место во тимот на сезоната откако покажа многу силна игра и во нападот. Алонсо има вкупно 13 гола во сезоната. Челзи, сепак, е малку веројатно да се раздели со шпанскиот репрезентативец кој има договор до 2021 година.

Слични содржини