Барселона се откажува од Адама Траоре

од Vladimir Zorba

Барселона нема да го задржи крилниот напаѓач Адама Траоре. 26-годишниот фудбалер моментално е на позајмица на „Камп Ноу“ во Вулверхемптон. Каталонците имаат опција да ги откупат неговите права, но нема да ја искористат, пишува „Марка“.

Траоре беше привлечен од Барса во јануари и во првите натпревари остави многу добар впечаток со своите настапи. Постепено, сепак, неговата форма опадна и го загуби стартното место во тимот. Досега има 8 натпревари како стартер и 7 како резерва, на кои има 4 асистенции, но се уште нема постигнато гол.

Од неодамна, тренерот Чави Ернандез претпочита да се обложи на Усман Дембеле и Мемфис Депај, иако има информации дека и двајцата може да си заминат на лето. На Французинот му истекува договорот и тој се уште не потпишал повторно, а се шпекулира дека Холанѓанецот е на трансфер листата. Сепак, двајцата се претпочитаниот избор на Чави пред Траоре, што е јасен знак дека тој не е дел од долгорочните планови на тренерот.

Откупната клаузула на Траоре во договорот меѓу двата клуба е вредна 30 милиони евра. Единствената шанса да остане на „Камп Ноу“ е доколку „волците“ се согласат сериозно да ја намалат таа сума. Сепак, тоа тешко дека ќе се случи, а Британците немаат намера трајно да го задржат Франциско Тринкао, кој беше дел од зделката за Траоре, но не успеа да се наметне на „Молино“ и на лето ќе биде вратен кај Каталонците.

Слични содржини