Бегале од полиција кај Арачиново, па излетале од патот

од Nikola Popovski

МВР информира дека рано утрово приведени се две лица во атарот на скопско Арачиново. Според полицијата, Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од Огњанци во автомобил марка „мерцедес“ не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници.

-Во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од СВР Скопје.

 

Слични содржини