88
Славниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам основа нов бренд насловен „Haig Club Whiskey“ и по тој повод организираше забава.
На настанот се појавиле најголемите холивудски имиња, вклучувајќи го Гај Ричи и добриот семеен пријател на Бекамови, Том Круз.
– Ова е фотографија со мене и моите драги пријатели Гај Ричи и Том Круз, напиша Дејвид на фотографијата која ја објави на Фејсбук.
Набрзо му се придружи неговата сакана сопруга Викторија, а Бекам уште еднаш со заедничка фотографија и коментар покажа дека нивната љубов ни после многу години не се намалува.
– Мојата убава сопруга дојде да ми даде поддршка, напиша под заедничката фотографија.