Бектеши: Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во земјава во последните 20 години

од Nikola Popovski

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Mакедонија, Мартин Памер.

Министерот Бектеши му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.

На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива.

Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена.

Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170 милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Слични содржини