Бектеши: Со „гарантирана цена“ секое домаќинство има заштеда од над 2000 денари

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши оценува дека владините одлуки имаат влијание врз животниот стандард, бидејќи според пресметките, со овие владини мерки за „гарантирана цена“ на производите, секое домаќинство има заштеда од над 2.000 денари со пониските цени.

Министерот појасни дека е регистриран голем извоз на одредени земјоделски производи.

„Немаме намера да субвенционираме производи за други држави. Гледајќи ги податоците, се забележува дека најголемо зголемување на цените има во делот на овошјето и зеленчукот. Затоа би им порачал на трговците да не го оставаат македонскиот пазар како резерва во снабдувањето со овошје и зеленчук. Не сакаме да се доведеме во ситуација тој јаз ние да го надополнуваме со увоз. Затоа апелирам да се пласира на домашниот пазар, а доколку се прави спротивното, како министерство ќе предложиме укинување на увозните давачки на одредени производи“, изјави Бектеши, кој заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“.

Слични содржини