Бектеши: Со новиот Закон за нефер трговски практики ќе се намалат цените на производите, глобите за прекршување ќе одат до 20 илјади евра

од Nikola Popovski

Со новиот предлог-закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, не само дека ќе има намалување во цените на земјоделските и прехранбените производи, туку ќе се подобри и квалитетот на производите бидејќи во склопот на 26-те трговски практики, се предвидени и земјоделски производи кои имаат краток рок, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши после работниот состанок со Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што порача пред медиумите, генерално квалитетот на производите се нарушува во тие производи со таков рок и кога нема договори меѓу производителите и потрошувачите. Најважно од се е, кажа министерот, дека со законот се утврдува како ќе се врши трговијата во делот на земјоделските и прехранбените производи.

Бектеши додаде дека повеќето од директивите на ЕУ се во новото законско решение и тој ќе оди во Собрание со европско знаменце.

-Во предлог законот, глобите одат до 20 илјади евра. Ние сме отворени за дополнителни предлози преку дијалог и презентации, каде ќе бидат сите вклучени. Моменталните предлози се 20 илјади евра за секое прекршување од ова законско решение, кажа Бектеши.

Министерот беше запрашан и за новата листа на производи со зголемен ДДВ од 10%.

-Тоа е предлог на министерството за финансии. Јас и претходно наведов дека ако има случајна техничка грешка, ќе се корегираат и тие веќе се корегирани. Сепак и повеќе од тоа е направено и каде повеќето од производите остануваат на 5% ДДВ. Во другите производи на начинот како одат до 10% и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството на финансии. За нас како Министерство за економија е важно основните прехранбени производи од гарантирана цена да останат на 5% и тие ќе останат. Најверојатно дека денеска или утре листата ќе се објави според можностите на Службен весник, додаде Бектеши.

Слични содржини