Беквалац запросена, одговорот е „ДА“

од Destan Jonuzi

Пејачката добила понуда која не можела да ја одбие. Наташа Беквалац и покрај тоа што трипати се разведе, не ја изгуби вербата дека ќе ја пронајде вистинската љубов.

Овој пат атрактивната пејачка преку Инстаграм доби понуда која не можеше да ја одбие. Еден од нејзините следбеници ја запроси Наташа, а таа веднаш кажа „ДА“.

Од ден на ден почнав да верувам дека ти си мојата сродна душа, не се разведов како тебе, но секоја врска ме оштети, затоа мислам дека е најдобро да ти верувам тебе, ти да се согласиш и како спој на два баксузи можеби ќе се тргне ова проклетство што очигледно ни е фрлено, гласи пораката со дијамантски прстен.

Наташа, очигледно, не можела да остане имуна на ваквата порака, па позитивно одговорила. Четврта среќа… ДААА!, напиша пејачката.

Слични содржини