Бела куќа: Следните два дена ќе бидат клучни во борбата на Трамп против коронавирусот

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп помина низ многу загрижувачки период и следните 48 часа ќе бидат клучни во лекувањето на неговата инфекција со коронавирусот, изјави официјалниот претставник на Белата куќа, Марк Медоус.

Медоуз, шефот на кабинетот на Трамп, вечерва изјави дека американскиот претседател, кој од вчера е во воената болница, „се уште не е на јасен пат кон целосно закрепнување“.

Неговите коментари се во спротивност со изјавите на лекарите на Трамп.

Претходно денес, докторот на Трамп, Шон Конли, им изјави на новинарите дека првиот човек на Белата куќа е во добра состојба и дека немал треска во претходните 24 часа.

Конли не одговори на постојано поставуваното прашање дали во одреден момент на Трамп му бил даден дополнителен кислород.

„Тој не доби кислород во четвртокот. Тој не го добива сега. И вчера кога сите бевме таму, тој не беше на кислород“, рече Конли.

Сепак, извор чиј идентитет не го открива „Асошиејтед Прес“ изјави вечерва дека Трамп примил кислород во Белата куќа пред да биде пренесен во воената болница, неколку часа по потврдата дека е заразен со вирусот.

Конли одби да каже денес точно кога му се слошило на Трамп, велејќи дека започнал да покажува „клинички индикации“ за коронавирус во четвртокот попладне, порано отколку што јавноста знаеше до сега.

Тој додаде дека симптомите на Трамп, вклучувајќи кашлица и назална конгестија, „сега се решаваат и подобруваат“.

Слични содржини