Белата куќа: САД се против прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е против прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„Прекинот на огнот сега ќе му користи само на Хамас“, рече Кирби на прес-конференцијата, но не прецизираше дали и САД се против хуманитарниот прекин на огнот побаран од Обединетите нации, пренесува „Ал Џезира“.

Зборувајќи за нападите врз американските војници на Блискиот Исток во последните години, Кирби рече дека американската администрација го сфаќа тоа „многу, многу сериозно“.

Слични содржини