Белешка од Ајнштајн за тајната на среќата се продава на аукција

од desk2
84 прегледи

Две белешки кои Алберт Ајнштајн му ги предал на еден доставувач во Токио, од кои една за тајната за среќен живот, се појавија 95 години подоцна и наскоро ќе бидат понудени на аукција во Ерусалим.

Славниот физичар, автор на теоријата на релативитет, во 1922 година бил на турнеја во Јапонија, каде одржувал предавања. Во тоа време дознал дека ќе биде предложен за Нобелова награда, па неговата популарност од научните кругови се проширила. Во Империјал Хотелот во Токио еден доставувач му донел пратка.

Не е познато дали тој одбил бакшиш во согласност со традицијата или Ајнштајн немал ситно, но не сакал да го остави со празни раце, па му предал две белешки на германски.

Можеби, ако имаш среќа, овие белешки ќе бидат многу повредни од бакшиш, му рекол Ајнштајн, тврди продавачот на белешките. На едната на лист со лого од хотел Империјал пишува: „Мирен и скромен живот донесуваат повеќе радост од немирната трка по успех“.

На другата, на бело ливче се наоѓа познатата узречица припишана на Ленин: „Каде има волја, има и начин“.

Аукциската куќа Winner’s ја потврди автентичноста. Тие немаат научна вредност но може да помогнат во разбирање на начинот на размислување на Ајнштајн, чие име стана синоним на генијалност, оцени Рони Грош, задолжен за најголемата колекција архив на тој физичар на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Двете белешки ќе бидат понудени на продажба во вторник во куќата Winner’s во Ерусалим покрај други предмети, меѓу кои и писмата што Ајнштајн ги напишал пред крајот на животот.