Бербок: Израел мора да ја почитува судската одлука, а Хамас да ги ослободи заложниците

од Vladimir Zorba

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок изјави дека Израел мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП), а Хамас мора да ги ослободи заложниците.

Врховниот суд на Обединетите нации во петокот не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава. Процесот против Израел за геноцид го започна Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа.

Бeрбок истакна дека „Меѓународниот суд на правдата не одлучувал за главното прашање, туку наредил привремени мерки. Тие се исто така обврзувачки според меѓународното право. Израел мора да го почитува“.

„Во исто време, судот појасни дека израелските дејствија следеле по варварскиот терор (од страна на Хамас) на 7 октомври и потсети дека Хамас е обврзан и со меѓународното хуманитарно право и мора конечно да ги ослободи сите заложници. Тоа ќе го поддржиме со сета наша моќ, како и мерката наредена на Израел итно да обезбеди поголема хуманитарна помош за Газа“, рече германскиот министер.

Слични содржини