Бербок: Кина може да одигра одлучувачка улога во ставањето крај на војната во Украина ако сака

од Vladimir Zorba

Кина може да одигра одлучувачка улога во ставањето крај на војната во Украина како постојана членка на Советот за безбедност на ОН доколку тоа го сака, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска, која во Берлин се сретна со кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Чин Ганг.

Чин рече дека Кина ќе одржува комуникација со сите страни во украинската криза како дел од нејзините напори да постигне прекин на огнот, објави Ројтерс.

Кина нема „да го гледа огнот од другата страна“ или „да долева масло на огнот“, рече Син на заедничката прес-конференција со Аналена Бербок.

Слични содржини