Бербок повика на формирање меѓународен трибунал за гонење на руските лидери

од Stefanija Kuzmanovska

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика денеска во Хаг да се формира специјален меѓународен трибунал за гонење на руските лидери одговорни за инвазијата на Украина.

„Потребен е трибунал кој може да го истражи и гони руското раководство“, рече Бербок во воведниот говор на Академијата за меѓународно право во Хаг, каде што е седиштето на Меѓународниот кривичен суд.

Бербок потсети дека е разбирливо што украинската влада е загрижена поради фактот што руските лидери не можат да бидат кривично гонети за нападот врз Украина.

Слични содржини