Бербок: Путин на сите дипломатски обиди одговори со уште побрутални напади

од Stefanija Kuzmanovska

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека во текот на изминатата година имало обиди да се искористат дипломатски канали за да се одврати Русија од брутална агресивна војна, но дека претседателот на таа земја, Владимир Путин, одговорил со уште побрутални напади.

„На меѓународно ниво не треба да се применува законот на најсилните, туку силата на правото. Ако Путин брутално го прекрши меѓународното право, изврши инвазија на помала соседна земја, ладнокрвно убива луѓе, мислам дека наша меѓународна одговорност е да ја поддржиме жртвата, која во овој случај е Украина и нејзиниот народ… Затоа ја поддржуваме Украина со оружје“, рече Бербок.

Слични содржини