Бербок се сретна со Мицкоски во германската амбасада

од Nikola Popovski

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во Скопје се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор.

Откако се поздрави со Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Тимчо Муцунски, Бербок и Мицкоски продолжија на средба во четири очи на терасата на резиденцијата.

Разговорот траел нешто повеќе од половина час, а Бербок потоа продолжила на средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Бербок на денешната заедничката прес-конференција со министерот Бујар Османи упати порака дека за уставните измени е „потребно да се седне со опозицијата, но партиската книшка да не биде на прво место“.

-Штета што денес имаме многу малку време. Важно ми е да зборувам со сите демократски актери. Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот – тоа е голема разлика меѓу демократиите и диктатурите. Во диктатурите и автократиите, Уставот може да се смени само со потпис на еден човек, но во демократиите мора напорно да се работи и треба да се борите за секој глас, рече меѓу другото Бербок.

Фото: принтскрин

Слични содржини