Бербок: Во моментов не постојат шанси за преговори со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, смета дека во моментов не постојат шанси за преговори со Русија.

„Што може да се преговара со некој кој не е ни подготвен да се договори со Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарни коридори кои би овозможиле евакуација на цивили?“, праша Бербок во изјава за магазинот „Стерн“.

Шефицата на германската дипломатија рече дека никој не може да предвиди дали односот на силите во руската влада ќе се промени.

Слични содржини