Бериша призна! Во 1997 ги отворивме воените магацини во Албанија, за да ги вооружиме косовските Албанци

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Поранешниот албански претседател Сали Бериша официјално призна дека лично наредил да бидат отворени воените магацини со муниција и оружје, за да може т.нар. “Ослободителна војска на Косово” / ОВК / да се вооружи.

По соборувањето на комунистичкиот режим во Албанија решив да ги  отворам вратите на воените магацини … Тоа го направив за две причини – за да се постигне рамнотежа меѓу моите приврзаници и вооружените и  противници од една страна, и од друга страна, да може да се вооружат косовските Албанци, рече Бериша и истакна: “Дури ние како партија / Демократската партија – бел.ред. / создадовме организација за бесплатно раздавање на оружје. Сигурно некаде се продавале оружје, но јас лично ги отворив воените магацини за да може да се вооружи ОВК “, изјави поранешниот шеф на државата во интервју за телевизиската емисија” Зона експрес “.

При масовните немири во пролетта 1997 година во Албанија од складовите беа запленети над 700 000 различни видови на оружје и над 1,5 милиони муниција . Огромната дел од овие оружја и муниција беа пласирани нелегално во Косово.

Локално.мк потсетува дека дел од оружјето помина и преку границата на Македонија, а  речиси во исто време во Косово се создаде ОВК и почнаа судирите со српската армија. Првите “тврдини на ОВК” беа во непосредна близина на албанската граница, а особено во селото Јуник. Во 1998 и 1999 година кризата ескалира и се дојде до воздушна  операција на НАТО во март 1999 година, која траеше речиси три месеци и заврши со мировниот договор од Куманово во почетокот на месец јуни.

Во февруари 2008 година Косово прогласи независност. До денес над 100 држави ја признаа независноста на поранешната српска покраина. Србија продолжува да смета  на Косово како за дел од својата територија и не го признава нејзиното отцепување.