Берлин констатира дека има проблеми при депортацијата на бегалците во Турција.
Владата на Германија ја смета за гоелма веројатност Турција да се откаже од договорот за враќање на мигранти и работи на план за акција, ако тоа се случи, соопшти списанието.
“Шпигел” повикувајќи се на доверлив документ на Министерството за финансии, наведува дека развојот на настаните во Турција по неуспешниот обид за државен удар е “целосно нејасен “. Берлин констатира исто така, дека и сега има проблеми при депортацијата на бегалците од Грција во Турција. Ако договорот со Анкара не се почитува, ЕУ мора да обезбеди контрола на поморската граница меѓу грчките острови и Турција, наведува “Шпигел”.
При тоа има потреба да се обезбеди сеопфатна соработка од грчка страна. Претходно министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во интервју за “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, даде изјава, која беше прифатено од европските политичари како уцена. Чавушоглу изјави дека ако визниот режим за турските граѓани не биде либерализиран, Турција ќе биде принудена да се откаже од извршување на договорот враќање на бегалците. / ТАСС