Градоначалникот на Трогир, Хрватска за да им докаже на колегите во хрватскиот Сабор дека со новиот закон со кој ја укинуваат судската администрација во неговиот град и ги приморуваат граѓаните да одат во Сплит по документација, седна во градски автобус и изгуби шест часа во пат.

Имено, тој во 6.40 излегол од дома, а во 7 се качил на градски автобус, потоа требало да се префрли во друг градски автобус, што требало да стигне за 20 минути, но го чекал 2 часа…
„За да извадам потврда за неосудуваност ми требаше половина работен ден. Не може да очекуваме сите генерации да знаат да го користат системот е-граѓанин, а тој и онака не ги нуди сите услуги“, вели градоначалникот, кој целата голгота ја снимил и ја поставил на официјалната страница на градот.
Укажува и на тоа дека луѓето кои живеат на блиските острови треба дополнително да изгубат 2 часа за траект, а подалечните населени места по минимум половина час плу, од неговите 6 часа.

Тој истакнува дека Трогир мора да ги зачува сите функции на град и да остане административно средиште на тоа подрачје.
„Можно е на некој во Загреб оддалеченоста на Трогир до Драчевац да му изгледа само неколку сантиметри на карта, но во пракса тоа е половина ден“, вели трогирскиот градоначалник Анте Билиќ кој на колегите во Саборот им порача: Не не враќајте во среден век.