Бесилки за Заев и Шеќеринска порака од протестот „За заедничка Македонија“

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Закани за претседателот и за заменик претседателката на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска беа забележани на транспарент на учесниците во вчерашниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.

На транспарентот беше напишано „Ролка за Рада, машна за Заев“ со цртеж од неколку бесилки. Кога демонстрантите пристигнаа пред Собранието, редарите на протестот го отстранија транспарентот кој заврши потпрен на едно од дрвјата во паркот наспроти Собранието, шренесе Макфакс.