Летната сезона, сепак има и доста негативни страни. Постојаното потење, брзото уморување и чувство дека никогаш да не сме се истуширани во животот е цената која ја плаќаме за задоволствата.
Денес ќе обрнеме повеќе внимание на обувките. Додатоци за кој имаме чувство дека во каков и модел да ги купиме, сепак ќе чувствуваме непријатност на запотување во нозете.
За среќа, претставуваме неколку лесни трикови со кои ќе се справите со проблемот.
1. Додека ги миете нозете, користете антибактериски сапун. Земете крпа, за да ги исушите целосно и бидете сигурни дека дури и тешко достапните области како кожата помеѓу прстите не се влажни. Габите и различните видови бактерии можат да се развијат токму на овие места, бидејќи е познато дека сакаат влажна средина.
2. Користете производи-антиперспиранти и не заборавајте да ги поставувате секој пат пред да обуете чорапи или обувки. Тие се доста ефикасни и успеваат да ги задржат екстремитетите потполно суви.
3. Посипете ги нозете со специјално прилагодена пудра . Добро е да ја користите по антиперспиранти, за да може да го апсорбира вишокот и да ја намали потта.
4. Ако носите чорапи, одлучете се за такви од памук. Природните материјали дозволуваат на дише кожата и ја намалуваат веројатноста од потење.
5. Менувајте чорапи често. Кога ќе почувствувате дека екстремитетите ви се потат, измијте ги и ставете нов пар чорапи. Во случај дека немате можност да одите до бањата, влажни марамчиња како алтернативна опција ќе завршат добра работа.
6. Измешајте ½ чаша оцет со четири чаши вода и потопете ги нозете во растворот за најмалку 15 минути, за да ја намалите можноста од потење. Оцетот има зацврстувачки ефект и ги отстранува нечистотиите од горниот слој на кожата. Покрај тоа, киселината ги неутрализира бактериите, виновни за непријатниот мирис.
7. Шетајте боси колку што е можно почесто, за да им овозможите на нозете да дишат. Носете и сандали – изложеноста на воздух на кожата ќе го намали потењето.