Домаќинските задолженија го продолжуваат животот на жените за три години, но за машкото здравје нема особена корист од него, објави “Мејл он сандеј”, повикувајќи се на холандски научници.
Според резултатите од истражувањето на тим од универзитетскиот медицински центар во Ротердам, за мажите е подобро да се занимаваат со градинарство отколку да чистат или да перат.
Хортикултурата им обезбедува на мажите 2,7 години екстра живот. Работата на отворено има незначителна корист за жените.
Можно е сепак резултатите од истражувањето да се такви, бидејќи жените домаќинки се повеќе, додаваат научниците.
За истражувањето научниците следеле 7000 мажи и жени во текот на неколку децении.