110
Поради уличен дефект, без вода денеска од 07:45 часот се дел од корисниците на улица „Финска“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.
Поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Орце Николов 98, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од истата улица, односно потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Наум Наумовски Борче“, извести ЦУК.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.