Безос и екипажот успешно се приземјија по летот во вселената (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, леташе во вселената со својот ракетен брод „Њу Шепард“ во историски подорбитален лет, што е нова пресвртница во приватното вселенско патување. По седум минути и 25 секунди, леталото успешно се приземји. По три минути и капсулата со екипажот се спушти на земјата.

Сите членови на екипажот излегоа со насмевка од капсулата, а беа дочекани со аплауз од насобраните членови на нивните семејства и новинарите.

„Возбуден сум, толку сум возбуден и љубопитен. Секој што претходно беше во вселената и се врати, рече дека искуството ги сменило, рекоа дека кога ја виделе атмосферата на Земјата, сфатиле колку е кревка Земјата, само една планета, не знам како ова ќе ме промени, но знам дека тоа ќе се случи, и јас сум возбуден да дознаам како“, изјави Безос за Си-Ен-Ен пред полетувањето.

Безос рече дека сонувал за патување во вселената уште од неговото раѓање, а кога имал пет години, ги гледал Нил Армстронг и Бејз Олдрин како шетаат по Месечината во 1969 година.

Заедно со Безос во ракетниот брод биле и неговиот брат Марк (53), потоа авијатичарот Воли Фанк (82) и тинејџерот кој неодамна го заврши средното училиште Оливер Димен од Холандија (18), како најстара и најмлада личност кои стигнале до вселената.

Слични содржини