Би можел да ги загуби изборите: Трамп со една реченица ги разбесни фановите на Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Поранешниот претседател Доналд Трамп влегол во конфликт со Тејлор Свифт и нејзините обожаватели оваа недела, кога тој наводно рекол дека е попопуларен од поп-ѕвездата, инсистирајќи дека неговите обожаватели се „попосветени од нејзините“.

Поради ова, наводната војна меѓу поранешниот американски претседател и најпопуларната поп-ѕвезда во светот стана главна тема на американските медиуми и вечерни комични емисии, пишува The New York Times.

„Оваа борба која ќе ја води со Тејлор Свифт е можеби борбата која конечно ќе му покаже каде е“, изјави во средата Џими Кимел, водителот на вечерната програма.

„Тоа нема да биде 6- јануари, нема да биде изборна измама или сексуален напад или танцувањето со Џефри Епстајн. Она што конечно ќе го урне Доналд Трамп ќе бидат армијата бесни обожаватели на Тејлор Свифт“, додаде тој.

Магазинот Rolling Stoun,  како и бројни американски медиуми наведуваат дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден ќе ја искористи Тејлор Свифт за промоција на Демократската партија пред претстојните избори во САД. Тамошните медиуми тврдат дека Свифт може да влијае на помладите гласачи за републиканците да ги загубат изборите.

Поради ова и уследил коментарот на Доналд Трамп за поп-ѕвездата.

Слични содржини