БиБиСи се извини што покажа вознемирувачки сцени од борбата за живот на Ериксeн

од Stefanija Kuzmanovska

Британската станица БиБиСи се извини на своите гледачи што ги пренесувале шокантните сцени од борбата за животот на Кристијан Ериксен за време на преносот на натпреварот Данска – Финска, што го направи оваа ТВ компанија.

Голем број обожаватели и гледачи ширум Европа веќе ги осудија организаторите на преносот, кои и покрај болната сцена, скоро цело време го снимаа онесвестениот Ериксен и неговата драма, а БиБиСи беше една од телевизиите што испрати сигнал од „Паркен“ на милионската публика.

Така, гледачите можеа да ги видат расплаканите и шокирани играчи на Данска како стојат над нивниот пријател, и скоро вкочанетото тело на Ериксен, како и лекарите кои со натчовечки напори се бореа за неговиот живот, па дури и го загубија во еден момент.

Вознемирувачки сцени го обиколија светот, направена е штета, а БиБиСи е една од првите ТВ-станици што се извини, пренесуваат данските медиуми.

– Се извинуваме на сите што беа вознемирени од сцените во ТВ-преносот. Снимките во рамките на стадионот ги контролира УЕФА, која е снабдувач, и штом натпреварот беше одложен, ги повлековме сите снимки што е можно побрзо – беше речено од националниот британски радиодифузер, со желби за данскиот фудбалер закрепнување што е можно поскоро.

Слични содржини