Поп дивата Бијонсе го претстави новиот видеоспот за песната “Freedom”од последниот албум “Lemonade”, кој го сними по повод Меѓународниот ден на девојчињата.

Со новиот спот Бијонсе повторно ја покажа својата хуманост. Во спотот девојчиња од различни делови на светот танцуваат и ја пеат песната “Freedom”, додека пред нив се прикажуваат статистички податоци за проблемите со детски бракови, тргоија со луѓе, ХИВ и меножноста за образование.
Режисерка на спотот е М.Џ. Дилејни од Лондон, а продуценти се UNICEF, Bill, Melinda Gates Foundation и Project Everyone. Девојчињата кои глумат се Дилејни Килгор, Габриела Кастиљо, Ели Керај, Брили Олалеј, Фарјат Фахад, Џазмин Дорси, Мерлин Еспиноза, Пејтон Али и Џиана Рајс.
Бијонсе низ песната ги повикува нејзините фанови да се придружат на здруженијата кои се борат за слобода на девојчињата во целиот свет, како што се Chime for Change и Global Goals.
Исто така, низ спотот сите с еповикани да покажат хуманост со донации преку страницата Global Goals.