Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, рече дека жали што се дружел со Џефри Епштајн, милионерот обвинет за трговија со малолетници, и нагласи дека тоа било голема грешка.
– Беше голема грешка што поминував време со него, што му дадов кредибилитет да биде во мое друштво, изјави Гејтс за Си -Ен -Ен.
– Бев со него на неколку вечери со надеж дека Епштајн ќе обезбеди милијарди за филантропска организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека ништо од тоа нема да се случи, нашата врска заврши, рече Гејтс.
Милијардерот за Си -Ен -Ен изјави дека и тој бил загрижен за Епштајн, кој ја призна вината и беше осуден во 2008 година за подведување малолетници, многу години пред да го запознае.
Односот помеѓу Гејтс и Епштајн датира од 2011 година, кога тој плаќал средства на организацијата Гејтс и JP Morgan.
На Мелинда Гејтс ѝ пречело нивното познанство, па им кажала на своите пријатели колку е лута на неговата поврзаност со осуден педофил и како не сака да има ништо со тоа.
Апсењето на Епштајн привлече големо внимание поради договорот што му овозможи да се изјасни за виновен за поткуп на малолетници во Флорида со цел да избегне посериозни федерални обвинувања.
Против него сведочеа дури 36 девојки, а тој отслужи само 13 месеци затвор во 2008 година.
Во август 2019 година, Епштајн беше пронајден мртов во својата ќелија во Њујорк, и како што беше објавено во тоа време, тој извршил самоубиство со бесење.