Бишевац за одложувањето на пописот: Разговорот на Мицкоски со Палмер имал влијание

од Nikola Popovski

„Победи разумот и вреди да се поздрави подготвеноста на Заев да седне и да се договори за јавното здравје на граѓаните“, изјави поранешниот пратеник во Собранието и новинар, Сафет Бишевац за емисијата „Само вистина“, на прашањето како ќе ја коментира денешната лидерска средба и одложувањето на пописот.

Според него, на власта влијаела сликата од масовното змаинување на граѓаните на вакцинација во Србија.

„Тоа беше пресудно за Заев и Владата и да се согласат за одложување на пописот. Сепак и разговорот на Мицкоски во петокот со Метју Палмер имал влијание, но многу повеќе кај власта“, вели Бишевац, додавајќи дека првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски треба да ѝ се извини на јавноста за инсистирањето за спроведувањето на пописот.

Слични содржини