Битиќи најави тужба за клевета за Александар Николовски

од Stefanija Kuzmanovska

Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во дебата во „Само вистина“ го обвини вицепремиерот Фатмир Битиќи дека неговата сопруга противзаконски прибавила средства за нејзина невладина организација, вицепремиерот најави тужба за клевета.

„Кажете ми дали се повикувате на пратеничкиот имунитет или стоите зад своите зборови?“, праша Битиќи, на што Николовски одговори дека нема да се повика на пратеничкиот имунитет.

„Во тој случај следува тужба за клевета, бидејќи нема еден денар земано од сумата за која тврдите“, истакна Битиќи.

Слични содржини