Битиќи: Од 27 април планираме олабавување на мерките

од Viktor Jovanov
236 прегледи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во денешното гостување на 24ТВ изјави дека е свесен за последиците од затворањето на угостителските објекти, и затоа подготвени се економски мерки со кои ќе се помогне овој сектор. Тој исто така додаде дека од 27 април најверојатно ќе има олабавување на мерките што би значело целосно или парцијално отворање на угостителските објекти.

-Свесни сме дека затворање на одреден сектор ќе има последици, утре ќе ги донесеме новите економски мерки за да му помогнеме на угостителскиот секор. Ние рековме дека соодветно ќе одговориме на нивните барања, со нов модел. Ова е во корелација со тоа дека мора да има предвидливост. Планираме од 27 април да настапи олабавување на мерките во смисла на дозвола за работа, но секако ги следиме препораките за работа, рече Битиќи.

Од угостителскиот сектор за утре најавија протести поради затворањето на угостителските објекти поради коронавирусот.

Слични содржини