Битиќи: Во тек е консултација со Економскиот совет за еднократната помош за граѓаните

од Берта Китинска
163 прегледи

Советникот за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, во врска со еднократната помош за граѓаните во изајва за Локално вели дека мерките се уште не се одобрени од Влада и во теке е консултација со Економскиот совет.

-Мерките се уште не се одобрени од Владата, во тек е консултација со Економскиот совет составен од експерти, стопански комори и синдикати. Откако ќе бидат одобрени на јавноста ќе и бидат презентирани, вели Битиќи.

Сетот на мерки ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка.Ова ќе биде дел од  пакетот мерки за спас на македонската економија. За новиот пакет мерки граѓаните ќе треба да да исполнат одредени услови.Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да ја зголемат личната потрошувачка која, според Народната банка, годинава значително ќе се намали.

Поради коронакризата и стравот од неизвеснота, граѓаните не ги трошат парите и ги купуваат само неопходните работи, а така се намалува побарувачката, но и производството.

Слични содржини