Бизарен инцидент во Сплит: Два часа се договарале како да го „спасат“ автомобилот

од desk2
79 прегледи

Невнимателен возач на автомобил со регистеарски таблички од Дарувар, за малку ќе паднел во морето на брегот на Сплит.


Инцидентот се случил во вечерните часови во средата, а им требале речиси два часа да дојде помош, пишува Slobodna Dalmacija.

Автомобилот на крај бил извлечен од влечната служба, откако заклучиле дека подигнување со „пајак“ би било премногу ризично.

Во меѓувреме, минувачите за секој случај, стоеле потпрени на хабата за да обезбедат додатна тежина на автомобилот на предната страна.