Благодатниот оган слезе во Ерусалим

Благодатниот оган слезе на Божји гроб во Ерусалим, Ерусалимскиот патријарх Теофил III го изнесе од капелата огнот. Пред параклисот на Божји гроб Ерусалимскиот патријарх gi симна одеждите и пред да влезе за да измоли огнот, настапи врева меѓу мирјаните кој да се нареди најмногу однапред, за да може прв да запали зракот од 33 свеќи кои го симболизираат земската возраст на Исус Христос, од Благодатниот оган.
И до денес таинството е неразјаснето, иако многу научници градата хипотези.
За милиони верници низ целиот свет огнот е небесно чудо. Оваа година православните, католиците и протестантите го слават Велигден на ист датум што ретко се случува . Западен цркви го користат Грегоријанскиот календар, а источните Јулијанскиот. Следниот пат такво појавување ќе има во 2025 година. Велигден се совпаѓа и со еврејската Пасха, со која се одбележува масовното заминување на Евреите од Египет.
Подготовките за слегувањето на Благодатниот оган започнуваат во сабота наутро. Секоја година Параклисот Божји гроб внимателно се проверува за запаливи средства со цел да исчезне секое сомневање дека чудото е плод на човечка рака. Проверки прават претставници на муслиманската заедница во Ерусалим. Потоа вратите се запечатуваат со голема пчелин восок. Се тргаат духовници од католичката, ерменската и коптската црква кои имаат параклиси во големиот храм при Божји гроб. Тоа е знак дека сите кандила во капелата се изгаснати. По старата традиција единствените кои можат да добијат го небесниот оган се православните и тие го пренесуваат на другите христијански деноминации. Ерусалимскиот патријарх се подготвува да влезе во капелата, а сите верници ги смирува. Според старо верување, ако Благодатниот оган не слезе на Велика саботата, ова ќе е последниот ден на човештвото.
Храмот на Божји гроб ќе биде уништен и ќе настапи второто доаѓање. Според доверено едно од кандилата над Божји гроб се самозапалува. Од него патријархот че го запали снопчета од по 33 свеќи и ги изнесува од храмот. Сите подадоа рака за да запалат свеќи и да се поздрават со “Христос воскресна”!