Блед и со потечени очи Бил Клинтон се појави во јавноста (ВИДЕО)

од Milan1

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се огласи за својата здравствена состојба по пет ноќи поминати во болница, велејќи во видеото објавено на „Твитер“ дека „е на пат кон закрепнување“.

Во видеото Клинтон им се заблагодари на сите кои му посакаа брзо закрепнување, како и на здравствените работници за поддршката додека беше хоспитализиран поради уролошка инфекција која предизвика сепса.

– Навистина ми е мило што сум дома. Супер сум, уживам во ова прекрасно есенско време. Јас сум на пат кон закрепнување, но сакам да ги потсетам сите да одвојат време да ги слушаат своите тела и да се грижат за себе. Сите ние имаме работа, и секој од нас има важна улога во животот во блиска иднина. Ќе дадам се од себе за да бидам тука и да продолжам да го правам најдоброто што можам, рече Клинтон.

Сепак според видеото се приметува дека Клинтон изгледа исклучително слабо и се уште не се чувствува најдобро. Иако се обидуваше да зборува со решителен глас, Клинтон беше блед и со отечени очи.

Кога Клинтон беше хоспитализирана минатата недела, неговите лекари рекоа дека тој добро реагирал на антибиотици.

– По два дена лекување, бројот на неговите бели крвни клетки се намалува и добро реагира на антибиотици, додаваат тие.

Поранешниот претседател беше отпуштен во неделата, а лекарите рекоа дека Клинтон (75) ќе заврши антибиотска терапија дома во Њујорк.

Слични содржини