Блинкен: САД мора да ги поддржат своите сојузници на кои им се заканува кинеска агресија

од Milan1

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пред состанокот со министрите за надворешни работи на Австралија, Индија и Јапонија, членови на групата Квад (QUAD), основана во средината на 2000 година, за да се спротивстави на зајакнувањето на кинеското влијание во индо-пацифичкиот регион, изјави дека конфронтацијата со Кина „не е неизбежна”, но дека САД мора да ги поддржат сојузниците на кои им се заканува кинеска агресија.

На новинарско прашање дали конфликтот со Кина во Индо-Пацификот е неизбежен, Блинкен рече дека „ништо не е неизбежно”.

„Мислам дека ја споделуваме загриженоста дека Кина дејствува поагресивно дома и во регионот во изминатите години, а потенцијално и пошироко”, рече Блинкен.

Неговата посета на регионот има за цел да ги зајакне американските интереси во Азија и неговата намера да се спротивстави на растечката кинеска агресија во регионот. Тој ќе го посети Фиџи и ќе разговара за загриженоста за случувањата околу Северна Кореја со своите јапонски и јужнокорејски колеги на Хаваи.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека го користат Квад за да ги принудат другите земји да ги прифатат стандардите на американската демократија.

Слични содржини